Како што појаснуваат од Групацијата за производство и преработка на пластични маси при Стопанската комора на Македонија, биоразградливите кеси на прв поглед воопшто не се разликуваат од пластичните кеси, а разликата е во материјалот од кои се направени. Тие содржат посебни адитиви и додатоци, кои што придонесуваат во допир со земјата, по извесен период од 90 дена до две години, целосно да се распаѓаат во содржини кои што се корисни за почвата како ѓубриво.
Пред две години поднесено е барање до Министерството за животна средина и просторно планирање целокупното производство на кеси да се насочи кон производство на биоразградливи. Ресорното министерство ги има донесено потребните законски измени, а согласно новиот закон, трговците нема да бидат обврзани да ги продаваат биоразградливите кеси, туку ќе имаат можност и да ги делат бесплатно, со цел да бидат поконкурентни.