повторно ке работи со голманите – Целески (лево)
Целески по трет пат ќе седи на македонската клупа. Првиот пат беше во штабот на Канатларовски за квалификациите за СП 2006 ,а вториот во минатиот циклусот за ЕП 2008. Во својата репрезентативна кареира голот на нашата рперезентација Целески го бранеше 22 пати.
Денес закажано е пристигнување на Македонскиот селектор Катанец, кој треба да го потпише новиот двегодишен договор со кој ќе се обврзе да ја предводи Македонија во квалификациите за СП 2010.
Покрај свечениот дел, Катанец престојот во Скопје со соработниците ќе го искористи да ја подготви агендата за она што ги очекува во наредната 2008 година. Почетокот на квалификациите за СП 2010 е закажан дури за 6 и 10 септември идната година во Скопје, со фаворитите од групата Шкотска и Холандија.
Во краткиот разговор за ohridnews Целски рече:
– Задоволни сме што фаворитите во групата ги пречекуваме прво на домашен терен. Баравме малку поголема разлика помеѓу овие два меча , но што е тука е – рече Целески.