Победата над Шкотска е минато,а денес македонските репрезентативци се исправени пред нов предзвик наречен Холандија.

“Портокаловата“ селекција е најдобро рангирана селекција која некогаш пристигнала на Градски (4-та на фифа рејтинг листата).

Нескриен оптимизам владее во нашиот табор, а атмосферата од таму ни ја пренесува тренерот на голманите Данчо Целески.

– Секој триумф ја подгрева атмосферата во “друштвото“. Така е и по мечот со Шкотска. Прегрмевме еден тежок меч. За силината на холандската репрезентација, нема што да се трошат зборови. Покрај нашата добра игра за нас во прилог оди и фактот кој вели дека “лалињата“ не успеале да не добијат. Имаме позитивни искуства од натпреварите со нив.

Македонската А репрезентација во циклусот за СП 2006 играше во квалификациската група против Холандија. Натпреварот во Скопје заврши 2-2, додека оној во Амстердам 0-0. Тие два меча беа единствените во тој циклус кој не ги добија „лалињата„ под водство на Ван Бастен.

М.Постоловски