Охриѓанецот Данчо Целески нема да е дел од новиот стручен штаб на селекторот Мирсад Јонуз. Целески претходно беше дел во стручниот тим на Драган Канатларовки, како и во двата циклуса со селекторот Катанец.

Во новиот стручен штаб немаше место и за останатите соработници на Катанец, Вујадин Станојковиќ и Уран Имери.

Со Јонуз на преостанатите наптревари од циклусот ќе соработуваат : Влатко Костов – асистент тренер,  Неџат Шабани – асистент тренер и Гого Јовчев – тренер на голмани.

– Подготовките и тренинзите ќе се одвиваат во Скопје и Охрид како што следи:

31.05.2009 во 18.00 часот (Охрид)
01.06.2009 во 18.00 часот (Охрид)
02.06.2009 во 09.30 и 18.00 часот (Охрид)
03.06.2009 во 09.30 и 18.00 часот (Охрид)
04.06.2009 во 17.30 часот (Скопје)
05.06.2009 во 17.30 часот (Скопје)
06.06.2009 во 17.45 часот Македонија – Норвешка
07.06.2009 во 10.00 часот (Скопје)
08.06.2009 во 09.30 и 18.00 часот (Скопје)
09.06.2009 во 17.30 часот (Скопје)
10.06.2009 во 17.45 часот Македонија – Исланд

ohridnews