Охриѓанецот Данчо Целески и Зоран Стратев се предложени за координаторите за младинските фудбалски селекции во Македонија, пишува “Дневник“.


Поранешниот тренер на Цементарница, Вардар, Работнички, сега во улога на прв човек на Тренерската комисија, Зоран Стратев, ја доби поддршката од своите соработници во комисијата да ја координира работата со сите селектори на надежни селекции (за играчи до 13, 15, 17 и 19 години), а поранешниот репрезентативен голман и тренер во стручниот штаб на селекторот Сречко Катанец, Данчо Целески, да води грижа за луѓето што работат на создавање млади чувари на мрежата.

Овие предлози се испорачани до „фудбалската влада“, која во текот на наредниот месец ќе треба да одржи седница.

Потребно е престројувањето во работата со младите селекции кои најчесто се топовско месо на квалификациите. Во иднина селектортите ќе бидат професионалци, а до селекторската клупа ќе се доаѓа преку подготвени критериуми како дел од новата национална стратегија за развојот на мак-фудбалот.

Ohridnews