Ѕвездата на популарната серија „Очајни Домаќинки“, Ева Лонгорија, наводно очајнички сака да пронајде партнер и не е задоволна од својот љубовен живот. Ева Лонгорија (38) зад себе има два пропаднати брака, и неколку неуспешни врски. Поради тоа е очајна бидејќи нема среќа во љубовта.
Неименуван извор близок на актерката тврди дека се чувствува поразено бидејќи не и оди на љубовен план. Но, сеуште не се опоравила од разводот во 2011 година, со сопругот Тони Паркер. Ева била во брак и со актерот Тајлер Кристофер, во неуспешна врска со пејачот Едуард Круз и бизнисменот Ернесто Аргуело. „Ева повеќе од се сака да го пронајде вистинскиот. Но, никако да ја пронајде среќата во љубовта“, додава изворот.