Пионерската екипа на Ракометниот клуб „Моби Дик“ со целиот плен се врати од гостувањето во Штип. Тие во одличен натпревар успеаја да ја совладаат домашната екипа „Кожувчанка“ со резултат 15:11, и да врзат две победи со ред откако претходно на домашен терен ја победија „Стружанка“.

Главната цел на охридската екипа, иако нема поголемо натпреварувачко искуство, е на крајот од сезоната да играат на завршниот Final4 турнир на кој ќе се одреди првакот во пионерска категорија во женската ракометна лига на Македонија.

Кај охриѓанки Јолеска и Марковска постигнаа по пет погодоци, Ложанкоска и Угриноска по два додека Блажеска еднаш беше прецизна во голот на штипјанки. Кај гостите најпрецизна беше Карафилоска со осум погодоци.

Следниот викенд „китовите“ имаат тешко гостување во Куманово против истоимената екипа.

Ohridnews