„Ohridnews“ деновиве ги урива рекордите на читаност. Најпосетениот интернет портал  во регионот, само вчера оствари над13.000 уникатни посети со преку 45.000 разгледани содржини. Објавените информации во просек биле читани 0д 1.500 до 6.000 пати, што е двојно повеќе од дневната посетеност на сите останати информативни портали во градот заедно.

За 23 дена од месец март „Ohridnews“ го посетиле над 132.000 читатели, кои разгледале половина милион содржини објавени на нашиот интернет портал.

Овие податоци говорат за довербата што Ohridnews ја ужива во јавноста, што ни дава поттик и понатаму да продолжиме да ве информираме навремено и објективно за сите случувања во градот и државата.

OHRIDNEWS