Жителите од центарот на Охрид, особено тие од Ј’но, Сараиште, и Стар град, тешко се привикнуваат на летниот режим на сообраќај.

Согласно утврдениот режим на сообраќај, на улицата „Македонски Просветители“, во делот на кружниот тек на сообраќај, се забранува запирање и паркирање на моторни возила. На овој дел од улицата во периодот од 20,оо часот до 05,оо часот наутро забранет е секаков моторен сообраќај , а во периодот од 05, часот наутро до 20,оо часот можат да се движат моторни возила со специјални пропусници, кои ќе сообраќаат према Стариот дел на градот и обратно, од Стариот дел на градот кон улица „Партизанска“.

Ова наидува на негодување кај дел од жителите, кои се жалат дека за да стигнат до своите домови со автомобил мора да вртат и по неколку километри. Летниот режим на сообраќај во сила е до 31 август.


Во центарот ограничено е движењето на автомобилите

OhridNews