Околу 2000 гледачи го проследија локалното Демир Хисарско фудбалско дерби помеѓу екипите на Фаланга и Вардино, кое викендов во рамките на 14 коло од Третата лига Југозапад се одигра на градскиот стадион во Демир Хисар.

Секој втор демир-хисарец неделата бил на фудбал а љубителите на“бубамарата“ видоа типичен третолигашки натпревар кој помина во фер и коретна атмосфера и фудабалско надигрување во кое на крајот се радуваа гостите со 2-0.

На три кола пред крајот на есенскиот дел од првенството струшки Караорман води на табелата со 39 бода, 8 повеќе од охридски Борец.

М.П.