Мешовитиот комитет на земјите од Централно Европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006) денеска ќе се состане во Охрид, на покана на министерот за економија на Република Македонија, во својство на Претседавач со ЦЕФТА 2006.
Ова е прв министерски состанок на новата проширена и изменета ЦЕФТА, во која покрај Албанија, Хрватска, Република Македонија, Молодова и УНМИК/Косово, од неодамна членуваат и Србија и Босна и Херцеговина,
ЦЕФТА 2006
На Состанокот ќе присуствуваат министрите за економија/трговија на земјите членки, Специјалниот координатор на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа г-нот Ерхард Бусек и г-нот Ерван Фуере Шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје .
На состанокот во Охрид се очекува да бидат усвоени решенија во врска со работата на ЦЕФТА, а средбата ќе заврши со усвојување на Министерската изјава.
Г.М.