Македонскиот преставник во Јадранската лига, МЗТ Скопје приреди уште една сензација совладувајќи еден од фаворитите за тронот, Хрватската Цедевита со 74-61.


Македонскиот првак во текот на целиот натпревар ги држеше конците во свои раце. Цврстата одбрана ги покри честите осцилации во играта, осебно во нападот. Избранициите на Словенецот Алаш Пипан беа доволно фокусирани во финишот кога успеаа да одолеат на нападите и да постигнат уште една “евролигашка“ победа.

Најпрецизен во составот на “металците“ беше Тодор Гечевски со 20 поени. Голема поддршка центарот на МЗТ, Гечевски имаше од Дамјан Стојановски, кој постигна 17 поени. Репрезентативецот Ѓорги Чековски уфрли 16 поени вклучувајќи четири тројки. Во поразениот состав со 17 кошеви најефикасен беше Шупут.

За “штрковите“ ова е четврти триумф во АБА лигата, втор на домашен терен. Со оваа победа избраниците на тренерот Алеш Пипан ќе направат скок од четири места и со 12 бодови ќе се сместат на деветтата позиција на табелата.

Мх.П.