Македонија е позиционирана во последната категорија на транспарентност на националниот буџет, според истражувањето Отворен Буџет 2015 на Меѓународното Буџетско Партнерство.
Оценката на 102 земји во светот, во Истражувањето 2015 утврди дека Република Македонија е меѓу последните 30 земји во светот според Индексот на Отворен Буџет, или ОБИ, кој користи меѓународно признати критериуми за да даде оценка за транспарентноста на секоја земја на скала до 100 поени.
Резултатот на ОБИ од 35 за Република Македонија значи дека граѓаните имаат малку или воопшто немаат пристап до буџетските информации за да го разберат буџетот и да бараат отчетност од владата.
„Постои итна потреба Владата да го направи буџетскиот процес потранспарентен, да ја вклучи јавноста во истиот и да го подобри надзорот над буџетските активности,” изјави Марјан Николов, Претседател на Центарот за економски анализи (ЦЕА) од Скопје, која го спроведе истражувањето во Македонија.
OhridNews
Извор:„Макфакс“