Со засaдување на три дрвца во дворот на гимназијата, Љупчо Бубо Каров, познатиот лик од хумористичната тв серија К-15 и градоначалникот на Охрид Александар Петрески, денеска симболично ја најавија националната акција „Засади ја својата иднина-Ден на дрвото“ што ќе се реализира на 12 март.
симболична најава на акцијата
Во рамки на подготовките за реализација на акцијата, во Охрид денеска престојуваа членови на националкното координативно тело. Тие имаа средба со градоначалникот Петрески и со невладините организации, претставници на училиштата и младите кои ќе земат учество во мартовската акција кога според планираното во Македонија ќе се засадат 2 милиони дрвца.
засадени 3 од предвидените 2 милиони дрва во Македонија
На средбата стана збор за организациските подготовки на акцијата и локациите во Охрид каде ќе бидат засадени дрвцата што ќе ги обезбеди јавното комунално претпријатие. „На овој начин сакаме да дадеме придонес кон омасовувањето на акцијата која всушност е акција за нашата иднина“, симболично се изрази Бубо Каров.
Дадоа “тежина“ на акцијата Бубо Каров и репортерот на ohridnews Момироски
На денешната координативна средба со охриѓани иако беше најавено не допатува познатиот тенор Борис Трајанов, кој отсуствуваше поради професионални ангажмани.
акцијата „Ден на дрвото“ доби широка подршка
ohridnews