Царскиот пингвин ќе треба сам да исплива 3500 километри, бидејќи на Антарктикот има снежни бури. На Нов Зеланд заскитал во Јуни, а сега е сместен во зоолошка градина.
Царскиот пингвин целосно се опоравил од операцијата со која му го извадиле песокот од желудникот. Сеуште е во зоолошката градина во Велингтон, а ветеринарите известиле дека во понеделник се враќа “дома“ на Антарктикот. Моментално е на “рибна“ диета за да не му биде лошо повторно. Царскиот пингвин треба да исплива 3 500 км, бидејќи на Антарктикот има снежни бури.