Цариниците во Хонг Конг објавиле во неделата дека заплениле животинско крзно вредно речиси пет милиони долари, што е досега најголемо запленување на ваков вид стока. Околу 90 илјади парчиња крзно на куна биле пронајдени во два контејнери на трговски брод кој требало да отплови од градското пристаниште.


Шверцуваната роба била декларирана како кожа од крава. Крзната требале да завршат во внатрешноста на Кина, а последната дестинација била Русија. Во акцијата биле уапсени три лица, а вредноста на крзното била проценета на 4,76 милиони долари.