Цариниците во Дубаи заплениле божиќни честитки со сокриени пакетчиња кокаин и марихуана. Во нив биле запленети вкупно 1,75 килограми дрога во повеќе честитки, соопштила царинската служба на Обединетите Арапски Емирати.


Дрогата е по потекло од некоја азиска земја, рекле цариниците, не сакајќи да откријат на кое име биле адресирани честитките. Властите во Дубаи од време на време издаваат соопштенија за заплена на дрога во земјата, каде употребата на опојни средства е строго забранета.