Норвешките цариници при една рутинска контрола на воз пронашле жив крокодил долг 75 сантиметри во еден куфер. Тој бил на листата животни на кои им се заканува истребување, а е пронајден на возот кој се обраќал на релација Гетеборг – Осло.


Сопственикот на куферот (22) објаснил дека крокодилот го купил во Полска, каде што студирал, и дека сакал да го донесе во својот дом во Норвешка. Крокодилот е предаден на ветеринарните служби која ќе одлучи за неговата судбина.