Италијанските цариници во средата на аеродромот во Бергамо во обичен пакет испратен за Соединетите Држави пронашле џиновско јајце од предисториска слоновска птица од Мадагаскар. Јајцето долго 50 сантиметри, вредно околу 90 илјади евра, било сокриено во обична картонска кутија упатена на адреса во Лос Анџелес со декларирана вредност од 500 евра.

 

Италијанските власти предисториските јајца ги третираат како предмети со културна вредност и за нивен извоз е потребна посебна дозвола. Слоновската прица, која изгледала како џиновски ему, била висока три метри, тешка половина тон и не можела да лета. Станува збор за најголема птица на сите времиња. Живеела исклучиво на островот Мадагаскар, а изумрела во 17 век. Иако за тоа нема докази, се смета дека за нејзиното исчезнување се виновни луѓето.