Минатата недела на царинската испостава Струга царинските мобилни екипи привремено задржаа непријавени 341 ранци и 341 детски кациги пронајдени во две товарни моторни возила со македонски регистарски таблички, натоварени со разна стока наменета за фирма-увозник од Охрид.

На граничниот премин Ќафасан,на влез во Република Македонија, исто така минатата минатата недела, привремено се задржани 87 козметички препарати (кремови за лице, шминки, тоалетни води, парфем и деодоранс), 89 парчиња прибор за јадење (ножеви, лажици и вилушки), 1 марама, 1 кожна ташна, 1 употребуван кафемат и 1 употребувана фритеза.

Непријавената стока била пронајдена во товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од лице со иницијали С.Б., македонски државјанин од с.Ињево, Радовиш. Покрај горе-неведеното, на истиот граничен премин биле пронајдени и 165 разни непријавени употребувани производи (телевизори, автомобилски гуми, полуосовини за ТМВ, амортизери, убодна пила, брусилки, тастатури, монитори за компјутер, компјутерска централна единица, сателитски рисивери, ЦД систем и електромотор). Непријавената стока била откриена во товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, пријавено за влез во државата. Возилото било натоварено со стока со потекло од Швајцарија, која била намемента за косовскиот пазар.

Ohridnews