Царинските работници  на 11.07.2008 г. на граничниот премин Ќафасан при влез во Р.Македонија,  спречија обид за нелегално внесување во Република Македонија на 1.577 парчиња непријавена стока и тоа:

– 596 пластични столчиња
– 353 пластични вангли
– 296 пластични корпи за штипалки
– 280 пластични цедилки за садови
– 37   пластични капаци за кофи
– 15   пластични сталажи за зеленчук.

Непријавената стока е пронајдена во товарно возило марка Ивеко со македонски регистарски таблички пријавено како празно. По заведување на возилото како празно, царинските работници извршија контрола на истото и ја пронајдоа горенаведената непријавена стока со потекло од Турција, наменета за Македонија. Стоката е привремено одземена, против прекршителот е сочинет записник за царински прекршок и започната е постапка за утврдување на кривична одговорност кај прекршителот

Исто на царинската испостава Ќафасан на 14.07.2008 при царинска контрола извршена од Одделението за оперативни работи, на товарно возило со македонски регистарски ознаки управувано од македонски државјанин кое се пријавило за спроведување на транзитна постапка, пронајдени се непријавени 1 професионална машина за миење коли, 20 ДВД режачи, 1 професионален студиски музички систем, 3 професионални звучници и 8 комплети неонки со арматура. Непријавената стока која по потекло е од Швајцарија а била наменета за пазарот во Косово, привремено е одземена, а против возачот на камионот е поднесена прекршочна пријава.

Ohridnews