Сопственикот на станбено деловниот комплекс „Космос“ во Скопје, основач и лидер на „ПЕИ“, Фијат Цаноски, во изјава за медиумит дадена денеска, изрази револт и загриженост од начинот на кој, како што рече, властите го урнале објектот непосредно по изборите во 2011 година. Неговата реакција следи откако вчра опозцијата објави телефонски разговори помеѓу премиерот Груевски и министерот за транспорт и врски Јанакиески во врска со активности за уривање на комплексот. Цаноски рече дека не е нормално премиер на држава и минстер да се занимаваат со такви работи. Според него објавените разговори само ги потврдиле неговите сознанија кој и зошто стои зад уривањето на зградата. Цаноски пед три години покрена постапка пред судот во Стразбур и бара отштета од 65 милиони евра плус затезни камати. Тој смета дека е жртва на системот заради поддршката на А1 телевизија и преминувањето во редовите на опозицијата.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на прес конференција во Скопје, денеска, одби да ја коментира автентичноста на објавените разговори, псочувајќи дека се работи за конструкција на опозцијата која соработува со странски разузнавачки служби и дека автентичноста треба да ја утврди судот низ соодветна постапка. Во врска со уривањето на „Космос“, Јанакиески рече дека институциите постапиле согласно закон.
-Само да потсетам дека во два наврати Министертвото за транспорт и врски му ги уважи жалбите на Цаноски за барањата за локациски услови и одобрението за градба. Со самиот факт дека Цаноски после утврдувањена фактичкта состојба дека изградениот објект не е во согласност со проектот побара да не му се урива туку во текот на градбата да го смени проектот, за што и самиот тој изјави на медимуите, потврди дека изградил објект кој отстапува од првичниот проект, т.е дека градел спротивно од она што стоиело на проекот. Министертвото за транспорт и врски го отфрли тогашното барање на Цаноски да го менува проектот во тек на градба. Барањето е одбиено соласно член 69 став 3 од Законот за градење.- рече Јанакиески.
И премиерот Груевски не сакаше да ја коментира автентичноста на објавените снимки, исто така кажувајќи дека тоа е работа на судот. -Oставам институциите да ги утврдат фактите, како што веќе има една пресуда поврзана со овој случај, во кој е дадено признание дека се соработувало со странска служба.- одговори на новинарско прашање премиерот Никола Груевски. И според него ојектот „Космос“ бил урнат согласно закон, бидејќи отстапувал од планот, што, како што рече, го потврдил и самиот инвеститор.
Комплексот “Космос“ почна да се урива во 2011г. бидејќи, општинските власти, бил надвор од рамките на проектот за кој добил одобрение за градба издадено од службите на Општина Гази Баба. Целата градба била повисока за метар и 43 сантиметри во однос на апсолутната кота којашто била измерена од геодетска фирма. Комплексот се градеше покрај Вардар кај мостот “Близнак“, во непосредна близина на Универзитетот ФОН, кој исто така е во сопственост на Цаноски. Предвиден беше како луксузен станбено-деловен комплекс со 562 стана.
OhridNews