Општинската изборна комисија во Струга по завршувањето на изборите ги преправила записниците и до Државната изборна комисија испратила фалсификувани податоци, обвини лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски, на прес конференција што денееска се одржа во Скопје.

Според Цаноски на неделните избори во Струга биле регистрирани случаи други да гласаат за лица кои се на привремена работа во странство и дека на околу 1.000 неговите гласачи им се заканувале да не излегуваат на избори, а во нивно име гласале други. Цаноски посочи дека на избирачкиот список имало исти потписи за повеќе гласачи и дека разликата во гласови од парламентарните избори е за 40 отсто поголема.

По одбивањето на  26-те приговори во ДИК, Цаноски најави жалба до Управниот суд. Тој најави и дека ќе поднесе  кривични пријави до челновите на избирачките одбори и претседателот на ОИК – Струга за изборни нерегуларности и до неговиот противкандидат Рамиз Мерко за клевета.

Ohridnews