Возачот на Тојота, Јарно Трули е казнет од страна на стјуардите на трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Австралија со 25 секунди поради непочитување на жолтото знаме и минување на Луис Хамилтон.
Трули не само што го загуби третото место туку не освои ниту бод на трката со која започна новата сезона. Ваквата одлука му го отвори патот на бранителот на тофејот Хамилтон кој ќе го завземе третото место.
Во зоната на бодови завршуваат уште Фернандо Алонсо, Нико Розберг, Себастијан Буеми и Себастијан Бурде.
Себастијан Фетел, возачот на екипата на Ред Бул, на стартот за трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Малезија, следниот викенд ќе биде поместен за 10 места наназад.
Германецот е казнет поради предизвикување на судар со Роберт Кубица од БМВ три круга пред крајот на трката во Мелбурн, а според мислењето на стјуардите можел да ја избегне непосакуванта случка. Покрај поместувањето Фетел е казнет и со 50.000 долари.
OHRIDNEWS
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com