„Нема никакво насилство, нема скршеници, ниту убодни рани или рани од огнено оружје. Двете биле со одредена дијагноза на психички болести и нас тоа не води кон евентуално присуство на медикаменти односно дека станува збор за труење со лекови“, вели доктор Здравко Чакар од судската медицина. Лекарите дополнително ќе утврдуваат колку време жените биле мртви.
Соседите кои неколку дена не ги виделе мајката и ќерката и поради смрдеата случајот го пријавиле во полиција. Синоќа полициски службеници заедно со членови на куќниот совет насилно влегле во станот, кој бил заклучен и ги пронашле телата на двете жени.
По идентификацијата на телата, од МВР информираа дека станува збор за седумдесет годишната Анка Андонова и нејзината четириесет и четиригодишна ќерка Снежана Чекреџиева.
извор: „Макфакс“