На 31.10.2007 година, Државниот инспекторат за труд во Охрид изврши инспекциски надзор од областа на работните односи на 90 работодавачи при што се донесени 20 решенија за забрана за вршење на работа, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Инспекторите при контролата во охридските фирми затекнале  66 лица ангажирани на работа без да имаат засновано работен однос согласно Законот за работни односи.

На 15 работодавачи кај кои се  затекнати 47 лица на работа без регулиран работен однос даден им е рок на инспекциските служби да им ја достават потребната документација.

Од прегледаните работодавачи, кај 55 не се најдени недостатоци во примената на прописите каде што се затекнати 333 работници со заснован работен однос согласно законот. Во инспекцискиот надзор учествуваа 10 инспектори од подрачјето на Кичево, Дебар, Струга, Ресен и Охрид, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

ohridnews