Охридскиот хард рок состав „Backdoor band“ со пријателите, „Паркети“ – Битола, „SMOKE SHAKERS“ – Кавадарци, „Eruption“ – Битола, и виртуозот на гитара Дамјан Пејчиноски, ќе земат учество на четвртиот „TRUCK & ROLL FESTIVAL“ во Охрид, кој ќе се одржи денеска. 

Организаторите најавуваат и изненадување за публиката.

Учесниците традиционално ќе настапат на камион низ охридските улици, а главното збиднување ќе биде кај градското пристаниште. 

Фестивалот почнува во 14 часот.

OhridNews