Таеквондистот Дејан Георгиевски, денеска, со почеток во 14:45 часот ќе се бори за златниот медал на Олимписките игри во категоријата над 80 килограми. Георгиевски го доби епитетот македонски спортки херој, а во денешното финале ќе има шанси да се запише со златни букви во македонската спортска историја. Порака пред финалниот натпревар Георгиевски доби од Шабан Трстена кој е спортист на векот во нашата земја и освојувач на два златни медали од Олимписките игри.

Ас над aсовите големите шампиони не треба да бараат среќа во спортската арена, како што нашиот шампион Дејан не отиде на Олимпијада со вајлд карта, да ја бара среќата во ждрепката. Но, самиот факт тој имаше тешки противници го правеше уште посилен, и затоа ги сруши сите по ред ги победи сите големи светски и олимписки шампиони за да стигне до финале. Тоа е нашиот шампион – се бори со големо срце за татковината и за нацијата се до последната секунда. Сега немам што да ти кажам, за финалето за златната историја треба да се бориш многу паметно и со одлична концентрација, секое движење со прецизно внимание. Со среќа нека ти е шампионе, Бог да биде со тебе, – напиша Трстена во пораката за Георгиевски.

Ривал на македонскиот знаменосец на Олимписките игри во Токио во финалето ќе биде рускиот натпреварувач Владислав Ларин.

OhridNews

 

Георгиевски гo исполни ветувањето, следува голема борба за златен медал и историја на ОИ

Фуриозни две рунди на Дејан Георгиевски за финале на Олимписките игри!