– Во последните 15-20 години успеавме да уништиме се она што Охрид го прави атрактивна туристичка дестинација. Колекторот од време на време не разботи, се уништија и големи појаси на трска од околу седумдесетина хектари на целото крајбрежје, а Министерството за животна средина доставува барање да се сечат поголеми површини на трска отколку што има. Моментно на охридското крајбрежје има околу седумнаесет хектари трска, а Министерството за животна средина бараше да се исечат околу триесет хектари, што зборува за непознавање на состојбите на самото езеро, вели д-р Трајче Талески од Македонското лимнолошко друштво.
Тој укажа на негативните последици од сечењето на трската и дека нив најмногу ги почувствуваа тие кои ја сечеа.
– И самите концесиионери непознавајќи ги состојбите и својствата на трската ги исекоа сите појаси на трска кои што им пречеа во нивните планови, а тоа дојде до израз оваа година кога имавме висок водостој па голем дел од песокот кој што беше донесен водата го повлече во езерото, истакна Талески.