Трската во близина на каналот Студенчишта не смее да се сече сметаат експертите од Хидобиолошкиот институт. Според нив пристапот до каналот на пловните објекти треба да се подобри, но никако не смее да се дозволи сечење на трската. Според експертите за подобрување на условите за пловидба на каналот потребно е тој да се исчисти и продлабочи со багери, а не да се сече трската.


Трската кај каналот не смее да се сече

Против сечење на трската кај каналот Студенчишта  се и спортските риболовци. Тие сметаат дека со уништување на трската ќе се уништат и природните живеалишта на многу видови риба, што ќе доведе до еколошка катастрофа.

Ohridnews