Зимските подоготвки на македонската репрезентација во Охрид ги пропуштаат охриѓаните Роберт Трпоски и Филип Кафтаноски. Трпоски и Кафтаноски кои беа дел минатогодишниот тим на АК Охрид кој ја освои двојната круна не се најдоа на списокот репрезентативци на селекторот Димитров.
– На овие подготвки во Охрид, не се повикани Трпоски кој е недоволно подготвен и Кафтаноски кој поради недисциплина е суспендиран. Без разлика на се` јас се уште сметам на нив и очекувам да се приклучат на клубот во пролетниот дел од подготовките – рече селекторот Димитров
Од охридските атлетичари кои минатата година ја завршија на врвот на табелата на подготовките е Славчо Мирчевски, кој очекува подобрување на резултатите со поставувањето на тартан подлогата.
– Се радувам на поставувањето на атлетската патека со која ќе се подобрат условите и во иднина ќе може да постигнуваме уште подобри резултати– смета Мирчевски.
Мирчевски чиј најдобар скок е 6.68 очекува годинава да го собори младинскиот рекорд кој изнесува 7.02 м.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com