Штрајкот на просветните работници во охридската Гимназија, се одрази на наставата, која, како што истакна директорот на училиштето Ѕвонко Трпески, се одвива согласно условите.
-Наставата тече онолку колку што може да тече во вакви услови. Даваме се од наша страна наставниот процес да го изведеме онака како што е по утврдениот распоред на часови.-изјави Трпески.
Наставата во Гимназија се одвива согласно условите
Во штрајк се 25 од 55 професори во Гимназијата, кои ги поддржуваат барањата на Синдикатот за образование, наука и култура.
Штрајкот покрај професорите, ги подели и учениците. Дел од нив сметаат дека настава треба да има, а професорите да ги остваруваат своите права преку други форми, додека други преку пароли изразија поддршка на професорите кои се во штрајк.
Пароли осамнаа во Гимназија
OhridNews