Охридските фудбалери Љупче Трпески и Александар Целески го засилија новајлијата во второлигашкото друштво Кораб, откако спогодбено го раскинаа договорот со тимот на Струга Трим Лум.
Трпески и Целески со искуството од Втората лига треба да бидат носители на клубот од Дебар кој низ Третата лига минатата сезона обезбеди пласман еден ранг погоре.
Предводник на Кораб од клупата е охриѓанецот Агрон Мерко, додека староседелци се веќе Меритон Мерко и Љупчо Далчев.
Екипата на Кораб подготовки ќе ги започне следниот месец, а многу веројатно контролни натпревари да одигра со тимови кои ќе се подготвуваат во Охрид и Струга.
OhridNews