Наместо натпреварувачите, звезда на вечерта при отварањето на Меѓународната Илиндеската регата беше церемонијал мајсторот Игор Трпески. Трпески кој на само себе својствен начин ги потсетуваше пристутните охриѓани на охридските убавини, а не заборави да им посака среќа на едриличарите на првиот натпреварувачки ден кој штотуку заврши.
Го украде шоуто – Игор Трпески
Мака мачеше Трпески, да ги погоди имињата на изведувачите па така музичката дива Благица Петреска , ја најави како Павловска, за да потоа каже дека таа биле негова омилена певица.
Ништо подобро не помина и директорот на АМС кој откако неколку пати беше згрешено неговото презиме конечно беше најавен како Драган Ѓурчевски..
Заборавени, всушност ги немаше во протоколот во како што кажа “шоуменот“ Трпески регуларниот дел, па имиињата на спонзорите на 41 – та Илинденска Едриличарска регата во финишот на вечерта, онака пред “сјодвење“ беа спомнати.
И за крај откако никој од поканетите ниту градоначалникот на Охрид, ниту директорот на АМС не ја прогласија за отворена регатата, тоа го стори никој друг туку незаборавниот Игор Трпески.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com