Поради основано сомнение дека се сторители на едно кривично дело  ,,Незаконит риболов,, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата К.Т роден 1966 година од Охрид и Т.Р. роден 1948 од с.Трпејца.

Пријавените, на ден 16.12.2008 година, околу 07 часот и 50 минути, кај местото ,, Надол,, во близина на с.Трпејца, се затекнати како од метално кајче изнесуваат шест рибарски мрежи со должина од 120 метри и свеж улов од вкупно 18 парчиња риба од кои 14 Охридска белвица и 4 парчиња Охридски грунец.

Пријавените рибари, мрежите ги поставиле претходниот ден во попладневните часови во близина на местото ,, Заум” од каде  и ги извадиле сместувајќи ги заедно со уловот во неколку платнени торби.

Пронајдените мрежи, уловот  како и останатиот рибарски прибор се одземени, а 18-те парчиња риба се доставени на увид во Јавната научна установа ,, Хидробиолошки завод,, Охрид.

извор: СВР Охрид