1

Изградбата на резервоарот за водоснабдување на Трпејца е во тек и најверојатно ќе биде пуштен во употреба пред почетокот на главната туристичка сезона. Резервоарот за вода има капацитет од 150 метри кубни  и ќе овозможи задоволување на потребите од вода за пиење во ова населено место.

-Селото Трпејца  во текот на летото, заради гостите и туристите, долги години се соочуваше со недостаток од вода за пиење, поради неколкукратно зголемената потрошувачака на вода. Изградбата на резервоарот има за цел да го надмине овој проблем.-велат од Општина Охрид.

Изградбата на овој водоснабдителен капацитет го финансира охридската локална самоуправа, и е дел од планираните инфраструктурни проекти од 2009 година. 

Ohridnews