Тротоарот кој се гради на потегот од Билјанини извори до населбата Рача ќе биде завршен до крајот на месецов, најавува локалната самоуправа. Оттаму информираат дека тротоарот се гради според стандардите, а ќе биде поплочен со бекатон плочкки.


Изградбата на тротоарот на дел од магистралниот пат Охрид -Св. Наум се изведува во рамки на го Програмата за  комунален развој во 2009 година на општина Охрид, соопшти локалната самоуправа.

Ohridnews