Некои навики тешко се менуваат. Во желба да дојдеме што поблиску до својата цел,понекогаш и не се осврнуваме како доаѓаме до неа. Во недостаток на култура,посебно сообраќајна, навикнати сме да паркираме каде што ќе стигнеме, на тротоари, на пешачки премини, во состојба сме ако можеме да влеземе и со кола во продавница. Можеби за тоа делумно придонесува и недостатокот на паркинг простор во градот, меѓутоа тоа не е оправдување автомобилите да ги оставаме на тротоарите, а пешаците да се движат по улиците.
Општината Охрид деновиве спроведува кампања за подигнување на сообраќајната култура. Преку медиумите ги известува граѓаните возилата да ги отстранат од тротоарите и другите несоодветни места за паркирање. Во спротивно се вели во соопштението инспекциските служби, ќе извршат присилно дислоцирање, а евентуално направените штети ќе бидат на товар на сопствениците. Затоа внимавајте каде паркирате.
видео и повеќе фотографии: http://ohridnews.com/trotoari/
OHRIDNEWS