Во францускиот град Тулуз бил поставен тротоар кој произведува струја кога луѓето се движат по него. Штом некој зачекори врз него, произведува околу 30 вати струја, што е доволно за функционирање на неколку улични светилки. Проектот покренат во рамките на политиката за траен развој, која ја промовира локалната власт, засега е само во фаза на експеримент.


Станува збор за неколку камени плочи опремени со микролектори за собирање на енергијата која ја произведуваат пешаците во една улица во центарот на градот. Плочите се поврзани со батерија која ја акумулира кинетичката енергија на минувачите.