Трошоците за животот, мерени со цените на стоките и услугите за лична потрошувачка во јуни годинава, во однос на истиот месец лани се зголемиле за 1,8 отсто, соопшти Заводот за статистика.

Според истиот извор порастот на трошоците на животот според класификацијата ЦОИЦОП, во јуни 2010, во споредба со мај 2010, изнесува 0.2 отсто.

Во јуни 2010, во однос на претходниот месец, пораст на индексите е забележан во групите: Комуникации за 2.9%, Ресторани и хотели за 0.6%, Храна и безалкохолни пијалаци и Рекреација и култура за 0.4%, Останати стоки и услуги за 0.2% и Алкохолни пијалаци, тутун за 0.1%.

Индексите се намалиле во групите Транспорт за 1.2% и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Облека и обувки, Домување, вода, електрика, гас и др. горива, Здравје и Образование.

Ohridnews