Трошоците за живот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, месецов, во однос на мај се намалиле за 0,6 проценти, а во однос на истиот период минатата година, се зголемиле за 4,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.


Намалување на трошоците за живот во однос на минатиот месец е забележано во групите „храна и безалкохолни пијалаци“, „транспорт“, „облека и обувки“, „здравје“ и „комуникации“.

Во споредба со истиот период лани, најмногу поскапеле мебелот, покуќнината, алкохолните пијалаци, тутунот.

Ohridnews