Трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември лани, бележат зголемување од 2.6 %, а цените на мало од 3.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 0.3 %.

Зголемувањето на инфлацијата во септември 2024 година, е резултат на растот на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1.7 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.1 %, комуникации за 0.9 %, разновидни стоки и услуги за 0.5 %, образование за 0.3 % и здравје за 0.1 %.

Во септември годинава, во однос на август, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: транспорт за 5.3 %, рекреација и култура за 1.8 %, ресторани и хотели за 0.4 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2 %. Трошоците на животот во групата облека и обувки остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во септември 2024 година во однос на август 2024 година изнесува 99.3.

OhridNews