Високите температури пропратени со топол африкански ветар до „даска“ ги наполнија охридските плажи.

Живата во термометарот на средина помеѓу 30 и 40 степенни, а во „Славија“ нема каде игла да падне.


плажата  „Славија“ вчера во 18ч.

Слично беше и на другите плажи, а посетителите спас од жешкото време бараа во водите на Охридското Езеро.


скок во вода за разладување

Според метеролозите исклучително топлото време со температури околу 35 степени ќе потрае до четврток, кога се очекува незначително опаѓање на дневните максимални температури.

Г.М.