Времето денеска претпладне ќе биде сончево и релативно топло, а попладне облачно со врнежи од дожд прогнозираат синоптичарите.  

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен локален дожд, засилен ветер и со услови за појава на град. Ќе дува умерен, а повремено и засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи до 14, а дневната до 28 степени Целзиусови, информираше Управата за хидрометеоролошки работи –УХМР.

Ваквото време според УХМР ќе се задржи во наредните три дена.

ohridnews