Три лица загинаа, а уште едно се води како исчезнато во поплавите предизвикани од пороен дожд на југот на Грција, јави АП.

Поројниот дожд поплави делови на Пелопонез и неколку предградија на Солун. Локалните пожарникари во градот Каламата, на југот на Пелопонез, соопштија дека нашле тела на две жени на возраст од 63 и 80 години, како и на еден маж на возраст од 90 години.

Локалните власти на северот на Грција трагаат по жена која исчезнала во средата откако на мажот му се јавила телефонски и му рекла дека го напушта автомобилот заради поплава.

OhridNews
извор Макфакс