Три лица загинаа во лавина на швајцарските Алпи. Според агенциите, станува збор за одвоени несреќи во кои животите ги загубиле двајца скијачи и една планинарка.

Лавината повлекла со себе маж кој скијал во близина на врвот Хофатхорн висок 2.844 метри. Иако бил пронајден веднаш по несреќата, немало спас за него. Денеска е пронајдено и телото на турист кој исчезнал во саботата. Станува збор за 31-годишен Французин кој се обидел да се искачи на планината Глатванг, но неговото тело е пронајдено дури денеска откако лавината го однела повеќе километри од местото на несреќата.

Планинарката која во саботата била спасена од лавина, починала од последиците на несреќата. Група од тројца планинари се искачувале на височина од 2.799 метри, кога биле затрупани од снежен нанос.

OhridNews

Макфакс