Најмалку три лица загинаа, а над 100 се повредени во земјотресот со магнитуда од 5,9 степени по Рихтер, што синоќа ја погоди Турција, изјави денеска турскиот министер за заштита на околината Вејсел Ероглу, пренесува „Макфакс“.

Турскиот сеизмолошки завод објави дека епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Симава, во покраината Кутахија. Агенцијата Анадолија јави дека земјотресот предизвикал уривање на згради, а локалната телевизија прикажа сцени на испаничени граѓани и возила на итната помош.

Земјотресот се почувствувал во северозападниот дел на Турција се до градот Измир, а бил почувствуван и во Истанбул.

 Едно лице загинало скокајќи во паника од зграда која била погодена од земјотресот.

OhridNews
извор: „Макфакс“