Извонредниот настап на младите оратори од охридските основни училишта кои учествуваат на „Ораторските средби“ кои по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот“ , ги организира Одделението за култура  при општина Охрид, придонесе жири-комисијата да изврши мали измени во пропозициите и наместо, планираните двајца, да избери тројца  учесници во финалниот натпревар.

За охридскиот „ Лавров венец“ кој ќе го врачи градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, ќе се натпреваруваат учениците Теодора Николоска од ОУ „Христо Узунов“ , Сара Паункоска од  ОУ„Григор Прличев“ и Арифа Малоска од ОУ „Братство-Единство“.

Финалниот натпревар ќе се одржи на 25-ти март – на денот кога пред 155 години, во конкуренција на најславните грчки поети, на Атинскиот конкурс  за најдобра поема, Прличев ја освои првата награда.

OhridNews