Тројца ученици на приватниот образован центар „Јахја Кемал“  -Струга, се избрани во националниот тим на Македонија за претстојната светска Олимпијада. Боите на Македонија на овој престижен натпревар во знаење ќе ги бранат Софија Димоска(физика), Сања Симоновиќ (математика) и Никола Грунчевски (математика).

Никола Грунчевски на неодамна одржаната балканска Олимпијада по математика го освои бронзениот медал, а Сања Симоновиќ беше истакната за постигнатиот забележителен резултат.

OhridNews