Три лица се убиени во оружениот инцидент што се случи вечерва околу 20 часот во близина на трговскиот центар „Три бисери“ во општина Аеродром.

Според првичните информации засега непознато лице влегло во рибниот ресторан „Биг Фиш“ и со автоматска пушка “калашников“ пукало кон три лица  кои седеле на заедничка маса во придружба на една девојка, која минала без повреди.

Откако го извршил убиството, напаѓачот ја фрлил автоматската пушка, влегол во автомобил и заминал во непознат правец.

Неофицијално меѓу жртвите има вработени во МВР, јавува „Макфакс“. На местото на настанот имало членови на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски.

Неофицијално, напаѓачот на возраст од околу 50 години, бил уапсен на патот Скопје – Велес во автомобил марка “BMW”.

OhridNews
извор:„Макфакс“